Loading Video...
Свет
22. April 2017 - 21:28

Во Франција утре се одржува првиот круг од претседателските избори

Во Франција утре се одржува првиот круг од најнеизвесните претседателкси избори на кои учестуваат 11 кандидати. Анкетите покажуваат тесна разлика помеѓу центристот Емануел Микрон, екстремната десничарка Марин ле Пен, десничарот Франсоа Фијон и радикалниот левичар Жан Лук Меланшон. Досега ниту еден кандидат на претседателските избори во Франција не бил избран во првиот круг, туку во вториот, кој овој пат е закажан за 7 мај.  Право на глас имаат 47 милиони граѓани. Поради страв од нови терористички напади, 50 000 полицајци и припадници на жандармеријата, како и 7000 војници  ќе се грижат изборниот процес да помине мирно и  безбедно.