Свет
22. November 2017 - 8:57

Во Франција уапсен рускиот пратеник и бизнисмен Керимов

Француската полиција го уапси рускиот пратеник и бизнисмен Сулејман Керимов на аеродром во Ница, изјави претставник на француското Обвинителство.

Тој додаде дека Керимов е уапсен во понеделиникот вечерта поради затајување на данок.

- Тој е приведен поради испитување за поврзаност со перење на пари и затајување на данок, посочи истиот извор.

На листата на „Форбс“ Керимов е 21. најбогат руски бизнисмен чии богатство се проценува на 6,3 милијарди долари.