Свет
18. December 2017 - 14:36

Во Франција пристигна првата група африкански бегалци од програмата за раселување

Првата група африкански бегалци опфатени со новата програма за директно населување на најранливи лица во Европа, пристигна во Франција.

Претствник на француското Министерството за внатрешни работи соопшти дека 19 Суданци, меѓу кои и 11 деца, се доведени од камп во Чад. Тие ќе бидат сместени во манастир во источна Франција.

Утре во Франција треба да пристигне и втора група од 25 бегалци од Нигер.

Програмата беше усвоена во август на самит во Париз на кој учествуваа Чад, Нигер и Либија и четири европски земји, на кој беше гарантирано дека избраните бегалци нема да одат преку опасниот пат кој води нив Средоземното Море во обид да дојдат нелегално до Европа.

Франција вети дека ќе прифати 3.000 бегалци од Нигер и Чад за две години, додека 10.000 бегалци ќе се населат во други европски земји.