Свет
25. December 2015 - 12:11

Во Франција евакуирана црква поради сомнителен автомобил

Француската полиција синоќа евакуира 800 верници од црквата „Свети Јосиф“ во градот Безансон, откако била алармирана дека пред храмот има паркирано сомнителен автомобил.

Но, заканата се покажала лажна, бидејќи набрзо се појавил сопственикот на автомобилот и објаснил дека брзал и се паркирал во близина на црквата, со што ги прекршил безбедносните правила. Сепак, полицијата не му дозволила да влезе во возилото се додека не било проверено.

Бадниковата вечер во Франција првпат се прославуваше во услови на вонредна состојба поради нападите во Париз од 13 ноември. Синоќа во целата земја имаше засилени безбедносни мерки околу црквите, за што беа ангажирани 50.000 полицајци.