Бизнис
25. April 2017 - 13:15

Во февруари 82,8 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Во Македонија во февруари годинава се потроешени 715.195 МWh електрична енергија, 37.992 мил. нм3 природен гас, 519 411 тони јаглен и 68.691 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82,8 отсто во бруто-домашната потрошувачка на струја.

Од вкупната потрошувачка на јаглени, пак, 93,3 отсто се употребени за производство на електрична енергија.