Свет
29. September 2015 - 13:26

Во Европа досега пристигнале над 500.000 мигранти преку Средоземно Море

Од почетокот на годинава досега во Европа пристигнале 522.134 мигранти преку Средоземно Море, соопшти Меѓународната организација за миграција, со седиште во Женева.

Во обид да дојдат до европските земји животот го загубиле 2.892 лица.

Најмногу мигранти и бегалци пристигнале во Грција - 388.324, додека во Италија допатувале 130.891 лице.

Во Грција најголем број од нив се Сиријци и Авганистанци, а во Италија се државјани на Еритреја и Нигерија.

Според податоците на меѓународната организација, од 17 септември бројот на мигрантите и бегалците е зголемен во Европа речиси за 49.000.