Балкан
31. May 2017 - 22:04

Во единствениот избрачки список на Косово околу 1,9 милони гласачи

Централната изборна комисија на Косово,ЦИК, попладнево соопшти дека го утврдила единственот избрачки список, за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 11 јуни.

Во избрачкиот список се запишани 1.872.941 косовски државјанин со право на глас.

Од вкупнот број гласачи, за првпат гласачкото право треба да го остварат 155.202 гласачи, кои пред закажување на изборите наполниле 18 години. Споредено со избирачкиот список од изборите во 2014 годна избришани се 33.542 гласачи, кои во овој период починале.

Ќе се гласа на 2.490 гласачки места или 116 повеќе споредено со претходните избори.

Инаку денеска и официјално почна изборната кампања, што  ќе трае до 9 јуни, петок до полноќ, кога настапува изборниот молк.

На изборите, закажани за 11 јуни, Демократската партија е во коалиција со Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, која за премиер го кандидира Рамуш Харадинај, кандидат на изборната коалиција Демократски сојуз на Косово, Алијанса за ново Косово и Алтернатива е Абдулах Хоти, додека на Движењето „Самоопределување“ кандидат за премиер е Албин Курти, основач и поранешен лидер на движењето.

Поради кусиот временски рок за организирање на изборите,како што вчера изјави претседателката на ЦИК,Ваљдете Дака,на изборите нема да гласа косовската дијаспора.