Македонија
8. July 2016 - 13:33

Во два одвоени случаи во Скопје и Прилеп украдени пиштоли „Црвена Застава“

Во Скопје и во Прилеп вчера во два одвоени случаи непознати сторители украле два пиштоли марка „Црвена Застава“, соопшти денеска МВР.

Во првиот случај во Скопје, на ул.„Христо Татарчев“, вчера околу 12:00 часот  на паркинг простор непознат сторител со употреба на физичка сила влегол во патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со сопственост на С.С.(55) од Скопје, извршил пребарување, при што од задното седиште одзел машка ташна во која имало пиштол марка „Црвена Застава“. 

Во Прилеп пак, на ул. „Кукушка“ во куќата сопственост на П.В.(56), непознат сторител влегол внатре преку незаклучената врата, извршил пребарување и одзел пиштол марка „Црвена Застава“ кој оштетениот го поседувал со дозвола, но и 120.000 денари и разновиден накит по што заминал во непознат правец. Причинета е вкупна материјална штета од околу 150.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.