Македонија
16. January 2016 - 17:11

Во Делчевско сите патишта проодни

Сите патишта во делчевскиот регион се проодни за сообраќај. Од Македонија пат, Подружница Делчево, информираат дека сите патишта од прв и втор приоритет се проодни за сообраќај. Снегот е изгребан и фрлени с е потребните количини сол и ризла.

Исто така и магистралниот пат за соседна Бугарија  е исчистен, но на коловозот има остатоци од снег, па се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на движење во зависност со условите на патот.

Од попладнево во Делчево интензивно врне снег и досега се наврнати 10 сантиметри.