Македонија
21. July 2017 - 14:30

Во Делчево за субвенции пријавени 270 земјоделци

Вкупно 270 земјоделци од Делчево поднеле барања за субвенции за 2017 година, информира Подрачната единица (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водосопанство. 

Според раководител на ПЕ Блаже Костадиновски, најголем број од пријавените земјоделци се овоштари.

- Пријавувањето завршува на 15 септември. Ги повикуваме земјоделците кои го остваруваат правото на поддршка да се јават до ПЕ во Делчево, со лична карта, сметка од банка и соодветна потврда, за навреме да се изврши аплицирањето и да се избегнат гужвите карактеристични секоја година, последните денови од истекувањето на рокот за пријавување, истакна Костадиновски.

На територијата на двете оштнини, Делчево и Македонска Каменица, околу 2000 земјодлеци, претежно овоштари, имаат право на субвенционирање.