Македонија
22. September 2017 - 10:42

Во Делчево состанок со кандидатите за градоначалник

На иницијатива од Општинската изборна комисија (ОИК) во Делчево, денеска во Полициската станица се одржа состанок со кандидатите за градоначалник и носителите на листи за членови на Советот на Општината.

Целта на состанокот, како што рече претседателот на ОИК Владимир Петревски, е одржување на фер, демократски избори и изборен циклус согласно законските решенија.

Присуствуваа првите луѓе на делчевската полиција, Основното јавно обвинителство, општинскиот инспекторат и ОИК.

- Целта на овој состанок е да се запознаат учесниците со изборниот процес и со законските прописи кои ги регулираат изборите, но и со значењето за Македонија за одржување демократски изборен циклус. Беа потенцирани одредбите од Изборниот законик, од Кривичниот законик кој ја регулира оваа материја, од Законот за јавна чистота и одредбите за нарушување на јавниот ред и мир. Задоволен сум што состанокот помина во конструктивна и пријатна атмосфера, истакна Петровски.

Кандидатите за градоначалник од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ ветија фер и демократски избори, како и изборен циклус без инциденти во Делчево.

Кандидатите за градоначалник на Делчево в недела ќе го потпишат Кодексот  за фер и демократски избори согласно Изборниот законик.