Македонија
21. October 2016 - 17:00

Во центарот на Прилеп околу 1000 ученици го формираа македонското знаме

Во чест на престојниот национален празник, Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, околу 1000 ученици од прилепските основни и средни училишта, денеска на пладне, на Градскиот плоштад го фомрмираа македонското знаме. Овој перформанс, во градот под Марковите Кули се изведува по четврти пат, и истиот, освен што има празнично значење, истовремено е и своевидна едукација за најмладите за тоа како се почитува и сака најсветиот национален симбол на секоја држава – знамето.
 
Инаку, чествувањата по повод празникот, во слободарски Прилеп, продолжуваат и во текот на викендот. Утре ке биде поставена Изложба на килими, познатата “Килимијада”, а ке настапи и КУД “Моминок”, додека в недела, пак,  ке бидат положени венци и свежо цвеќе пред паметниците на сите одважници кои себе си вградиле во оваа наша биднина.