-->
-->
Во центарот на Македонска Каменица првпат се поставуваат табли со имиња на улици и куќни броеви
-->
Во Општина Македонска Каменица прв пат се поставуваат табли со имиња на улици и куќни броеви во централното градско подрачје.
Како што информира денеска Васко Десподовски, портпарол на Општина Македонска Каменица, општината со средства од буџетот обезбедила 80 табли со имиња на улици, како и таблички со куќни броеви кои ќе се поставуваат на индивидуалните и колективните објекти за домување и фирмите.
- Во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река“ од денеска започнуваме со поставување табли со имиња на улиците во централното градско подрачје. Дел од оваа набавка се и таблички со куќни броеви за сите индивидуални и колективни објекти за домување, кои ќе бидат поставени во наредниот период. Оваа активност е во насока подобрување на урбаниот лик на централното градско подрачје, а се разбира и за полесно доставување поштенски пратки, ориентација на лицата кои доаѓаат во Македонска Каменица, односно полесен пристап. Таблите со имињата на улиците ќе се поставуваат на почетокт и на крајот од улицата, рече Десподовски.
Табличките се набавени преку фирмата „Раде Кончар“ Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација