Свет
8. August 2015 - 20:22

Во Бразил убиен новинар за време на радио емисија

Бразилски новинар и радио водител познат по антикорупциска кампања, убиен бил за време на емисија, соопшти полицијата додавајќи дека сметаат оти убиството е политички мотивирано.

Новинарот Глејдсон Карваљо бил убиен со пет куршуми додека ја водел својата емисија на радио станица во Бразилија. Безбедносните сили го идентификувале осомничениот и трагаат по него.

Според Репортери без граници, Бразил е трета најопасна држава за новинари по Мексико и Хондурас. Во периодот 2000-2014 година во Бразил се убиени 39 новинари.