Во Бразил обвинет за корупција најбогатиот банкар во светот
Бразилското обвинителство покрена обвинение за корупција против најбогатиот банкар во светот, Џозеф Сафра (77).
Според листите на „Форнч“ и на „Форбс“ богатството на Сафра се проценува со над 18 милијарди долари.
Сафра е сопственик на холдингот „Сафра груп“, под чија сопственост е бразилската банка „Банко Сафра“, како и на висококатницата „Мери Екс“ во Лондон.
Освен за него, обвиненија се покренати за уште петмина вработени во „Сафра груп“, кои ја подмитувале администрацијата со цел да се затаи данок.
Според властите вкупната сума на дадено мито изнесува 4,2 милиони долари, а долгот кон државата се проценува на 500 милиони долари.
Банкарот Сафра е обвинет дека дал согласност за плаќање на над четири милиони долари мито на даночните ревизори. Во замена за овие поткупи, ревизорите требало да ги намалат или поништат казните наметнати за холдингот за неплатени даноци.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра