Во бранот лажни закани за бомби во Русија евакуирани речиси милион луѓе
Повеќе од 950.000 луѓе се евакуирани низ цела Русија од 11 септември, кога започна серијата лажни анонимни закани за поставени експлозивни направи, соопштија денеска руските безбедносни агенции.
Најголемата закана се случи во петокот во Москва, кога поради лажна најава за бомба беа евакуирани повеќе од 250 згради, додека вчера поради лажни закани беше спроведена евакуација на 37 објекти во неколку градови, меѓу кои и Москва, Санкт Петербург и Нижњи Новгород.
Според претставник на безбедносните служби, од 11 септември до 19 октомври лажни закани се регистрирани во 114 градови, односно беа евакуираниј повеќе од 2.300 објекти, вклучувајќи и шопинг центри, училишта, станици, аеродроми, кина, ноќни клубови и административни згради.
Штетата предизвикана од ови закани само во првите неколку дена се проценува на повеќе од 300 милиони рубљи или 5,2 милиона американски долари.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година