Свет
22. September 2016 - 15:24

Во бомбардирањето на Алепо 45 мртви

Најмалку 45 лица загинаа во синоќешното бомбардирање на источните делови на градот Алепо, кој се наоѓа под контрола на бунтовниците, изјави началникот на болницата „Ал - Кудс“ доктор Хамза ел Хатиби.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во текот на ноќта Алепо бил подложен на најжестокото бомбардирање во последните неколку есеци, пренесува Танјуг.

Иствремено беше соопштено дека е обновена доставата на хуманитарна помош и оти конвој на ОН пошол кон опколените области во Сирија.