Бизнис
30. April 2017 - 16:38

Во близина на Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад

Прва фабрика за секундарна селекција на отпад ќе се гради во близина на Прилеп.

Теренот за изградба на фабриката за рециклирање вредна околу 2 милиони евра се подготвува кај депонијата Алинци.

Инвестицијата е на општината и во неа ќе се отворат над 100 нови работни места.

- Фабриката се планира да прерасне во модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Во фабриката ќе се преработуваат дневната количина на отпад што се собира во општината, околу 100 тони, како и уште 50 тони на ден од депонијата. На овој начин за пет до шест години сиот отпад од депонијата треба биде преработен по што таа ќе биде целосно затворена.

- Се преработува во секундарна суровина која се продава, значи целата операција е профитабилна, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Во следна фаза општината планира да го прошири проектот и во производство на електрична енергија или биогас од отпадот.