Македонија
5. March 2018 - 15:19

Во Битола одбележана годишнина од смртта на браќата Манаки

Општина Битола и здружението „Комуна на Власите – А‘рмните“ денеска ја одбележаа годишнината од смртта на браќата Манаки.

Според востановената традиција на 5. март секоја година на Влашките гробништа во Битола, локалната самоуправа и здружението „Комуна на Власите – А‘рмните“ одржуваат чествување, а годинава беа одбележани 64 години од смртта на Јанаки Манаки и 54 години од смртта на Милтон Манаки.

- Браќата Манаки со делото што го напоравиле се од исклучително значење за нашиот град. Денешниот ден е само поттик и за идните генерации дека животот треба да го живееме со волја и намера, зад себе да оставиме вредности, истакна градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Годинава во Битола на пригоден начин ќе бидат одбележани 120 години од формирањето на фотографското ателје на браќата Манаки, потврди Стевче Хаџиантоновски, претставник на здружението „Комуна на Власите – Арм’ните“.