Во Битола меѓународен научен симпозиум „Врските меѓу Македонија и Србија низ вековите и денес“
Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола, денеска и утре го организира седмиот Меѓународен научен симпозиум на тема „Врските меѓу Република Македонија и Република Србија низ вековите и денес“.
Годинава на симпозиумот со свои трудови пријавени се околу 100 учесници, претставници на академската заедница од двете држави, уметници и културни работници кои пишувале и истражувале на теми од областа на историјата и литературата.
На дводневниот научен симпозиум ќе бидат презентирани и трудовите „Македонија во интересната сфера во политиката на Србија, Бугарија и Турција непосредно пред Балканските војни“ од авторите Ѓорѓи Чакарјаневски и Тодор Чепреганов, „Француските интелектуалци за Македонија кон крајот на 18 и почетокот на 19 век“ од Александра Колаковиќ, „Улогата на македонските кадри при пристапувањето на СФРЈ во Советот на Европа“ од Ратомир Милкиќ.
Ќе бидат презентирани и трудовите „Битола во белградските дневни весници „Политика“ и „Време“ до почетокот на Втората светска војна“ од Арети Сидовска, „Српскиот печат за рефередумот за независност на СР Македонија 1991 година“ од Владимир Љ. Цветковиќ, „Белешките на Стојан Новаковиќ за Скопје во 1886 и 1905 година“ од Македонка Митрова, „Битола во времето на Балкнаксите војни според руското илустрирано списание „Искри“ од Билјана Р. Јосифовска, „Евакуација на населението во Битола во 1917-1918“ од Лилјана Гушевска и Вера Гошева, и други трудови...
На отворањето на меѓународниот научен симпозум, кој попладнево почнува во хотелот „Молика“ на Пелистер свои обраќања ќе имаат почесниот српски конзул Силјан Мицевски, амбасадорката на Србија во Република Македонија Душанка Дивјак Томиќ, претседателот на МАНУ академик Таки Фити, ректорот на УКЛО-Битола Сашо Коруновски, ректорот на универзитетот ЕСРА-Скопје Јордан Плевнеш и претседателот на Македонското научно друштво-Битола Марјан Танушевски.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци