Македонија
18. February 2018 - 18:15

Во Беса дефинитивно нема помирување - Африм Гаши на Конгрес избран за лидер на отцепеното крило

Нов лидер на движењето БЕСА е Африм Гаши. На првиот партиски конгрес одржан во Тетово, во организација на подржувачите на Неџбедин Карамани, за досегашниот генерален секретар на партијата гласаа 522 делегати, 12 беа “против”, а 8 гласаа “воздржано”.

Африм Гаши, кој беше единствен кандидат за лидер, во својот прв говор откако застана на чело на партијата рече дека БЕСА во иднинина нема да биде партија само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија. Како главен приоритет го посочи подобрување на економската состојба во државата.

Во пресрет на гласањето, свое обраќање имаше и пратеникот Неџбедин Карамани, кој од 6-ти јануари ја извршуваше функцијата ВД Претседател на партијата. Според него, главен виновник за превирањата во БЕСА е Билал Касами, кој не останал на ветувањето дека ќе се повлече од лидерската позиција, доколку биде кандидат за градоначалник на Тетово.

Фракцијата во БЕСА предводена од Билал Касами, конгрес ќе одржи на 24ти февруари во Скопје.