Во Берово минус седум, во Скопје минус пет
Во Берово изутринава во седум часот се измерени минус 7 степени Целзиусови, а во Скопје Петровец, Битола и Лазарополе минус 5. Во Тетово се регистрирани минус 4 степени, во Крива Паланка, Куманово, Претор, Демир Капија, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 3, во Скопје Зајчев Рид и во Охрид минус 2, а минус 1 во Виница....
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе достигне од 8 до 16 степени, а во повеќето котлини околу 10 степени. Утре ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.
Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска висина врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска). Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали.Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили