Свет
7. April 2016 - 20:19

Во Берлин претреси во домови на луѓе што промовирале говор на омраза

Германската полиција во текот на вчаерашниот ден пребарувала домови на десетина жители на Берлин кои што објавувале антиимигратнски и антисемитистички пораки, пренесуваат германските медиуми.

Акцијата која е дел од борбата против говорот на омраза на социјалните мрежи била насочена кон девет осомничени кои што користеле, Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи за да шират омраза.

Според полицијата властите сакаат да потенцираат дека интернетот не е слободна зона каде што може да се промовира говор на омраза без законски последици.

Сите осомничени се мажи на возраст од 22 до 58 години, а според полицијата објавувале пораки против бегалците и Евреите како и песни со забранет текст.

Во операцијата во која учествувале околу 60 полицајци се запленети компјутери што ќе бидат анализирани со цел да се утврди одговорноста на осомничените.