Свет
13. July 2016 - 8:40

Во Берлин ќе се формира меѓународна база за глобалните миграции

Германската Влада на средба со претставници на меѓународни хуманитарни и невалдини организации одржана во Берлин, постигна договор за формирање на меѓународна база на податоци, која ќе ги следи и ќе води евиденција за глобалните миграциски текови, јави ДПА. 

Седиштето на базата ќе биде во канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Берлин, а таа ќе има и свој интернет портал на кој редовно ќе објавува информации и податоци за движењето на мигранти и бегалци.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), минатата година над 65 милиони лица ширум светот биле принудени да ги напуштат своите домови.