Свет
21. August 2017 - 13:11

Во Берлин фрлена димна бомба за време на собир на Курди

Германската полиција соопшти денеска дека девет лица се полесно повредени откако била фрлена димна бомба за време на собир организиран од курдската заедница.

Инцидентот се случил синоќа, за време на настанот на кој се одбележувала одлуката на ирачкиот полуавтономен Курдски регион следниот месец да се одржи референдум за независност.