Балкан
26. November 2015 - 13:18

Во Белград следниот месец средба на министрите за надворешни работи на Турција и Русија

Министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевљут Чавушоглу и Сергеј Лавров може да одржат средба во периодот меѓу 3 и 4 декември во Белград, изјави денеска турскиот министер за Европска унија Волкан Бозкер. 

- Министрите ќе се сретнат во Белград во периодот меѓу 3 и 4 декември, истакна Бозкер, пишува весникот „Радикал.“

- Не е можно нашите земји да не одржуваат пријателски односи, додаде тој.

На 3 и 4 декември во Белград ќе се одржи самит на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.