Свет
18. August 2017 - 13:14

Во Барселона минута молк за жртвите од терористичкиот напад

Илјадници луѓе денеска присуствуваа на главниот плоштад во Барселона, каде со минута молчење им се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад.

Меѓу насобраниот народ беше и шпанскиот крал Филип Шести и премиерот на Каталонија, Карлос Пучдемон.

По минутата молк уследи аплауз и луѓето почнаа да викаат „Не се плашам!“.

Во вчерашниот напад со комбе во центарот на Барселона загинаа 13 лица, а сто се повредени.