Свет
23. May 2017 - 13:19

Во Авганистан загинаа 10 војници во напад на екстремисти

Најмалку десет авганистански војници загинаа во напад на екстремисти на воена база во јужната провинција Кандахар, соопшти денеска Министерството за одбрана на оваа држава. 

„Синоќа непријателите на Авганистан го нападнаа кампот Ачакзаи на воениот корпус 205 во округот Шах Вали Кот. Десет храбри војници умреа со маченичка смрт, а деветмина се ранети“, се наведува во соопштението од авганистанското министерство.