Македонија
20. August 2017 - 17:44

Во атарот на селото Чифлик, пронајден е обесен на дрво 31-годишниот Даниел Георгиевски од Делчево

Синоќа во атарот на селото Чифлик, Делчевско е пронајден обесен на дрво 31-годишниот Даниел Георгиевски од Делчево по кого три дена трагаа полицијата и роднините.

Според информацијата на СВР Штип, синоќа околу 20 часот телото на Георгиевски е пронајдено на три километри од селото, во блиската шума по што надлежни истражни органи извршиле увид, а дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила со бесење и оти врз телото немало траги на насилство.

Даниел Георгиевски живеел сам со неговите двајца браќа, а беше пријавен за исчезнат на 17 август.