Свет
3. May 2016 - 8:51

Во Аргентина се презема истрага против поранешната претседателка на државата поради незаконско богатење

Суд во Аргентина побара да биде преземена истрага против поранешната претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер поради обвиненија за незаконско богатење.

Според судски извори на кои се повикуваат локални медиуми, ќе се преземе истрага врз основа на жалба на опозициски политичар.

Поранешната претседателка и нејзиниот син Максимо Кирхнер, се обвинети за незаконско богатење и фалсификување документација поврзана со компанија за недвижности во сопственост на семејството. Фернандес де Кирхнер веќе е обвинета за перење пари и финансиски малверзации во врска со други случаи.