Свет
23. March 2017 - 17:36

Во Антверпен осуетен напад со автомобил

Белгиските безбедносни сили пронајдоа повеќе видови оружје во автомобилот на францускиот државјанин. кој се обиде со возилото да навлезе во шопинг зоната во градот Антверпен.

- Осомничениот Мухамед Р., роден е на 8. мај 1977 година, тој е француски државјанин и живее во Франција, соопшти белгиското обвинителство.

Во соопштението се посочува и дека во автомобилот пронајдена е пушка, оружје со сечило и шише со течност, што се уште не е идентификувана.

Шефот на антверпенската полиција Серж Мујтерс претходно изјави дека мажот е од северноафриканско потекло.

- Возило со француски регистерски таблици се обиде со полна брзина да влезе во улицата Меир. Мажот во маскирна облека е приведен, истакна Мујтерс. 

Тој им се заблагодари од името на Антверпен на војниците, полицијата и силите за специјални интервенции за нивната акција.