Свет
11. February 2017 - 10:56

Во Ангола загинаа 17 лица во стампедо на фудбалски стадион

Најмалку 17 лица, меѓу кои има и деца, загинаа денеска во стампедо на стадион во северниот дел на Ангола, а десетици се повредени, соопшти полицијата.

Паниката се прошири на фудбалскиот натпревар во Ангола, во покраината Ујиже, за време на мечот меѓу клубовите „Санта Рита де Касија“ и „Рекреативо де Либоло“, во рамките на домашната лига.

- На влезот на стадионот „4. јануари“, настана метеж, кој предизвика масовни жртви - 17 мртви и 56 повредени, кои се хоспитализирани, изјави портпаролот на полицијата Орландо Бернардо.

Тој додаде дека межу жртвите има и деца, но не се знае нивниот точен број.

Илјадници гледачи се обидоа да влезат на преполниот стадион со цел да го гледаат натпреварот, предизвикувајќи метеж, во кој луѓето паѓаа на земја, а причина за смртта на овие 17 лица е газење или задушување во метежот, соопшти полицијата.

Лошата контрола на публиката во Абиџан пред кавлификациите за Светското првенство 2010 доведе до 19 смртни случаи, а во стампедо во 2001 година, на стадионот „Акра“ во Гана, загинаа 127 лица.