Македонија
16. December 2017 - 16:19

Во Алијансата го очекуваат Села да се врати од САД за да пресечат дали остануваат дел од власта

Во Алијансата го чекаат Села да се врати од САД за да пресечат дали остануваат дел од власта. Од партијата за Сител велат дека нивните позиции остануваат непроменети и дека веќе имаат доставено свој предлог за нов министер за здравство. Од таму велат дека до нив, не пристигнал предлог од Заев за формирање на ново министерство за реформи.

Вчера премиерот Заев од Албанија најави дека реконструкција на Владата нема да има и дека во понеделник на Собранието ќе му ги достави кадрите кои ќе го дополнат неговиот кабинет
Заев не сакаше да ги открие имињата на новите министри, а си остави и простор за време на викендот уште еднаш добро да размисли за кадровските решенија.

Во текот на неделата високи извори од ДУИ брифираа дека Села нема шанси да добие Министер за здравство и дека веројатно ќе си замине од Владата и дека на неговото место нема да дојде нова партија бидејќи веќе се преговара за поддршка со пратеници од опозициската група. Вчера пратеникот Амди Бајрам се издвои од групата на ВМРО-ДПМНЕ и наместо бојкот, тој се појави на работа во Собранието.