Во Африн околу 700.000 луѓе се под опсада на турската армија
Турската армија и нејзините сириски сојузници го опколија сирискиот град Африн, 90 села и уште еден град во близина, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Претходно, Анкара соопшти дека Африн од вчера е под опсада на турската армија и нејзините сојузници.
- Единствениот излез од градот е цел на напади на турската армија и поради тоа е неупотреблив, изјави директорот на невладината организација со седиште во Лондон, Рами Абдулрахман.
Тој додаде дека под опсада се наоѓаат околу 700.000 луѓе.
Градот Африн е главна цел на офанзивата која Турција ја почна на 20 јануари против курдската милиција и нивните Единици за заштита на народот. САД ја поддржуваат курдската милиција во Сирија, но Турција ги смета за терористи, односно за продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат во Турција.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата