Балкан
10. September 2017 - 11:30

Внуката на актерот Љубиша Самарџиќ напиша трогателна порака за својот дедо

Пораката што на социјалните мрежи ја објави 23- годишната внука на актерската легенда , Љубиша Самарџиќ ги расплака неговите фанови . 

Сите кои се сеќаваат на улогите на големиот актер Љубиша Самарџиќ беа погодени од пораката на неговата внука .

,,Имав среќа што те познавав 23 години , од кога бев малечка и не сфаќав што значи да се биде актер , да се биде познат , што се лутев кога ти приоѓаа непознати додека шетам со својот дедо , што плачев на сцените од ,,Полицаец од Петлово брдо “ , зошто како може мојот дедо да седи со четири жени , а ниедна од нив не е мојата баба. Обожавав да ме носиш на снимања , да доаѓаш по мене во градинка , да ме земеш во прегратка и да играме , па се до денеска кога можам да кажам дека ми беше пример , потпора и секогаш поддршка . Знам дека таму горе си среќен и дека по толку години си пак со својот Гага ( Драган Николиќ) .