Македонија
12. December 2017 - 13:25

Внимавајте нова Фејсбук измама: Двајца гостиварчани останаа без 600 евра

Вчера околу 17.00 часот, З.М. (55) од с. Чајле, гостиварско, пријавил компјутерска измама од засега непознат сторител. Непознатиот сторител ја искористил неговата електронска адреса и фејсбук профил и од двајца пријатели на З.М. и успеал да одземе 600 евра.

На двајцата им се претставил дека е З.М. и дека итно му се потребни парични средства.

Кога едниот од измамените му се јавил на З.М. да го праша дали ги добил бараните пари, нему веднаш му станало јасно дека станува збор за измама и го пријавил случајот.

Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите.