Македонија
23. February 2018 - 8:47

Внимавајте: Кај Делчево намалена видливоста од 50 до 60 метри

Намалена видливост поради магла од  50 до 60 метри има на патниот правец Делчево- граничен премин Делчево, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата