Македонија
24. November 2017 - 8:19

Внимателно во сообраќајот, магла на дел од патиштата

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Македонски Брод – Прилеп и Неготино – Демир Капија, соопшти изутринава Дисперечскиот систем на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.