Македонија
16. January 2018 - 18:13

Внимателно во сообраќајот, еве каде има дожд, каде снег во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Дожд врне во Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.

Слаб снег провејува на Крушево кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.