Македонија
28. December 2016 - 18:13

Внимателно на патиштата, еве каде врне снег во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег проследен со северен ветер провејува на Маврово, Крива  Паланка, Железнец и планински превој Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - 

Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.