Интернет
27. October 2017 - 13:07

Внимателно: АјФонот може да ве сними додека се бањате и да го испрати видеото

Програмер од Гугл ја откри потенцијално опасната можност на ајФонот. Апликацијата која има дозвола за снимање ви можела без ваше знаење  да ве снима, и да ги испраќа сликите и видеата понатаму.

Австрискиот програмер Феликс Краусе направи апликација која може сека секунда да го слика корисникот без негово знаење и да ги испраќа натаму тие слики.

Кога некоја апликација сака да пристапи до камерата, корисникот мора да и дозволи, а истата работа се случува и кога апликацијата сака да пристапи кон вашата галерија и локација.

Краусе откри дека апликацијата може да сними и видео и фотографии секогаш кога ќе се отвори. Додека на компјутерот имате зелено светло како знак дека снима, таквиот индикатор на телефонот нема.

Краусе вели дека ова не е пропуст, тука апликацијата е навистина така дизајнирана, но некој со лоши намери би можел тоа да го искористи.

Тој тоа го демонстрираше со апликација која секоја секунда го снима оној кој го користи телефонот, а притоа и правела препознавање на лицето за да ја препознае личноста која го користи уредот.