Македонија
21. March 2017 - 14:39

ВНИМАНИЕ: Овие улици се затворени за сообраќај!

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред поради протестите затворени за сообраќај се следниве сообраќајници, улицата Свети Кирил и Методиј, од крстосницата со  улицата Певел Шатев до крстосницата со булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, булеварот Свети Климент Охридски  од крстосницата со улица Димитрије Чуповски до крстосницата со улицата Јордан Мијалков и улицата Васил Ѓоргов  и  булеварот Мајка Тереза. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег, или да изберат алтернативни соонбраќајници за да стигнат до посакуваната дестинација .