-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заев со својата антидржавна политика ги разгорува шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава
-->
Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава која доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Последен во низата е Бујар Османи кој јавно пред народот изјави дека не ја признава македонската химна. Бујар Османи кажа: „Не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница“.
Криминогениот СДС и ова го премолчи.
СДС да ја сакаше Македонија, немаше да ја прифати Тиранската Платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет.
СДС да го почитуваше македонскиот народ немаше да дозволи нелегално да се избере претседател на Собрание.
Зоран Заев барем малку да имаше почит кон граѓаните немаше Македонија да ја втурне во подлабока политичка криза.
Со своето молчење СДС продолжува да работи спротивно од волјата на граѓаните на Република Македонија.
За СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев, македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење.
Затоа граѓаните бараат СДС да ја отфрли Тиранската Платформа и да го повлече претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да запре со теророт што го врши врз македонските граѓани.
Народот е на нозе!
Македонија се буди!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228