ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава
ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува претседателот на СДСМ Зоран Заев како „заробеник на желба за власт подготвен да проголта секаква антидржавна изјава само за да направи влада“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците вчера уште еднаш потврдиле дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, односно дека ќе коалицираат заради исполнување на барањата од т.н „тиранската платформа“ со СДСМ.
- Заев не излезе и не го осуди својот иден коалициски партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати. Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на „тиранската платформа“. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада, се вели во соопштението.
За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, се додава во соопштението, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња