Македонија
28. October 2016 - 16:08

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не ги исполнува ветувањата

Зоран Заев лаже, Општина Струмица има право да стопанисува и управува со градежното земјиште во поранешната касарна информираше  пратеникот Васил Пишев. Според Пишев на изборите во 2013 година струмичкиот градоначалник ги излажал граѓните дека во третиот мандат ќе изгради хала за саеми и свечености и мултифункционален пазар на просторот на касарната  па сега за да најде покритие за лагите вршел притисок и врз локалните институции и го уривал нивниот углед. Поради Заев  сега и локалните институции кажувале невистини и го манипулирале народот, наместо да работат за него вели  Пишев.

,, Општина Струмица има право да стопанисува и управува со градежното земјиште на просторот на поранешната касарна со површина од над 20 хектари. Значи Заев имал 20 хектари за да гради хала или пазар.

Зоран Заев потпишал, а советот во 2010 година изгласал ДУП, детален урбанистички план со кој го испланирал просторот на поранешната касарна.,, рече Васил Пишев – пратеник од ВМРО  ДПМНЕ

Заев урбанистички испланирал простор кој веќе му бил отстапен рече Пишев , a со тоа  се потврдило дека од општина Струмица излажале пред неколку дена.

,, Ветуваше пазар и хала, а во касарната доделувал илјадници и илјадници метри квадратни за станбени површини затоа што тие му биле поважни бизнис интереси, а не интересите на граѓаните.,, рече Пишев

Пишев информираше дека на просторот на касарната сеуште има 8700 метри квадратни празен простор кој не бил продаден и предвиден за големи трговски единици што вклучувало и пазари и хали. Според него просторот бил доволен, но Заев немал интерес да изгради нешто што е потребно за граѓаните.