Македонија
7. October 2016 - 19:32

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не ги исполни ветувањата - О. Струмица: проектот чека на реализација

Зарем човекот кој неможе да реализира проекти во општината каде е градоначалник има образ да ветува проекти на државно ниво, праша пратеникот Васил Пишев потсетувајќи на ветувањето на градоначалникот на Струмица Зоран Заев за изградба на мултифункционален пазар од 15000 квадрати  на просторот кај поранешната касарна.  Пишев рече дека   Заев знаел само да ветува без воопшто да помисли истото да го оствари.

,, Тој на локалните избори во 2013 година вети изградба на нов мултифункционален пазар кај поранешната касарна на површина од 15 000 метри квадратни. Почитувани овде нема ни пазар ни бутур. Ова е уште еден доказ дека Зоран Заев го загуби кредибилитетот. Зарем човекот кој неможе да реализира проекти во општината каде е градоначалник има образ да ветува проекти на државно виво? Но очигледно камиказа политичарот Зоран Заев, аболициран за тежок криминал има ѓон образ.,, рече Васил Пишев – пратеник на ВМРо ДПМНЕ

На прес конференцијата на Пишев писмено реагираа од општина Струмица . Според нив обидувајќи се да ја изманипулира македонската јавност  по теркот што го практикувале ВМРо ДПМНЕ  Пишев повторно покажал дека е скаран со вистината и реалноста.Од таму велат дека проектот „Мултифункционален пазар“ во Струмица сеуште чека на своја реализација, а   Пишев требало  да побара одговор од својот лидер и поранешен премиер Никола Груевски, зошто сите касарни низ градовите во Македонија, во рамките на владиниот проект старите  касарни за нов развој биле  дадени на управување на општините, а само касарната во Струмица не е предадена на општината.