ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја одбра тиранската платформа наместо националните интереси
ВМРО-ДПМНЕ, денеска преку соопштение го обвини Зоран Заев дека помеѓу тиранската платформа и државните и национални интереси на својот народ ја одбрал платформата, која, како што посочуваат, значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
Според партијата, Заев и СДСМ само за да дојдат на власт, се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, како и прогласување на сопствениот народ за геноциден. Воедно, порачуваат, дека СДСМ и Заев не смеат веќе да бегаат и да се кријат со разни лаги и манипулации од народот и повторно ги упатуваат нивните предлози за излез од кризата..
- Граѓаните на Република Македонија очекуваат Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат тиранската платформа и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа. Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев. Доколку пак аболицираниот Зоран Заев е импресиониран од тиранската платформа нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана. Така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи