Македонија
13. September 2017 - 10:07

ВМРО-ДПМНЕ: Владата за 100 дена ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра

Владата на СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра. 

Од друга страна владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 9.6 милиони евра за изградба на регионалниот пат Коломот – Близанско.

Со овие пари, неодговорната влада на Заев, можеше да изгради вакви 36 регионални патишта низ Македонија.

СДС не изгради ниту еден.

Неспособната владата на Зоран Заев расипнички се однесува со парите на граѓаните. Прекумерно и во континуитет се задолжува без да каже на што ги троши парите кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 350 милиони евра, владата на СДС, ги потроши на луксузирање на нивните партиски војници.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Ваквата погубна политика на СДС и Заев ќе биде казнета од граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври.