Македонија
4. October 2017 - 9:28

ВМРО-ДПМНЕ: Владата работи без план

Македонската економија е без кормило и се работи целосно без план.

Инвеститорите се уценувани, секојдневно криминалот на улиците цвета, додека граѓаните се осиромашуваат.

Македонија не е веќе позната по добрите вести туку по негативните и црни економски извештаи и биланси.

На Македонија со владата на СДС не и бега рецесија и огромна сиромаштија.

Животот на СДС значи беда за обичните граѓани.

Катастрофалните политики кои ги води владата на СДС во овие четири ипол месеци донесе хаос и уривање на системот во државата.

Неспособноста и лагите на СДС се видливи на секое поле во економијата.

Заев ветуваше „живот“ и 500 евра плата а после долг период на раст, СДС успеа да ја намали просечната плата за 1,3 отсто, два месеци по ред.

Кризата се почувствува и во фирмите. Се бележи пад во Бруто-домашниот производ за 1,8 отсто.

Намалениот БДП значи дека целокупната економија произведува помалку од минатата година.

Откако СДС дојде на власт нема ниту една странска инвестиција.

Инвеститорите се исплашени и размислуваат да ја напуштат државата. Тоа придонесе пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра.

Се огласи и Народната банка. Таа потврди пад на активноста на банките за 1,6 отсто.

Резултатите од лошата економска политики на СДС ја почувствуваа сите граѓани во Македонија.

СДС успеа да ги задолжат граѓаните за 420 милиони евра. Пари кои беа расипнички и неодговорно потрошени. Единствено нешто што граѓаните видоа од тие пари беше луксузирање и партиско вработување.

Ваквото расипничко и неодговорно владеење ќе го казнат граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври.