Бизнис
4. September 2017 - 20:00

ВМРО - ДПМНЕ: Владата на СДСМ ќе ги избрка странските инвеститори

На Македонија и се заканува нова транзиција. Опозицијата предупредува дека заради политиките на новата Владата дел од инвеститорите планираат да си заминат до земјава што ќе зостави илајдиници работници без работа.

Инвестициските политики на новата влада вчера ги критикуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој рече дека претходната Влада била во најнапредни преговори со шеесетина компании кои требало да донесат околу 25.000 нови работни места. Но, спроед него новата влада влидливо го има занемарено сегментот на странски инвестици. Тој концепт граден со години даде резултати и не  треба да се напушти поради политичка малиционост и тесноградост. Штетите кои би се направиле би биле несогледливи за македонската економија, речи Груевски.